Се смета дека денес во светот циркулираат најмалку 639 милиони парчиња мало и лесно оружје (МЛО). Во многу делови на светот, посебно во општествата во развој и транзиција, широката достапност и употребата на малокалибарско оружје е поврзана со големи страдања и несигурност. Секоја година се произведуваат повеќе од 8 милиони парчиња мало и лесно оружје, заедно со повеќе од 16 милјарди парчиња муниција. Организацијата Small Arms Survey проценува дека 60 проценти од глобалните залихи на 639 милионите парчиња на мало и лесно оружје се во рацете на цивили. Околу 300,000 луѓе се убиени, а милиони се повредени од малокалибарско оружје секоја година. Податоците кои се достапни покажуваат дека највисока стапка на смртност од огнено оружје има во Латинска Америка и Карибите (15,5 мртви на 100,000), следи Африка со (5,9) и Северна Америка (3,5).
Вооруженото насилство подразбира огромни трошоци за сите нивоа од општеството, како од социјален, така и од економски аспект, а како потврда се неверојатно високите стапки на смрт и повреди , кои би биле многу пониски доколку оружјето не е достапно.
Безбедносниот, правниот и здравствениот сектор се посебно изложени на буџетскиот дефицит, а вооруженото насилство дополнително имплицира значително намалување на стапките на продуктивност. Отткука доаѓаат негативните консеквенци за економски развој и унапредување. Недостигот од капацитет или ресурси со кои државата би им понудила сигурност на граѓаните, влијае неповолно на социјалната кохезија, што резултира со опаѓање на кредибилитетот на јавните институции. Оваа ситуација ги намалува надежите за човеков развој и консолидирање на демократијата во светот.
Во земјите од Западен Балкан, влијанието на неконтролираната пролиферација и поседување на МЛО проддолжува да предизвикува голема закана за социјален и економски развој. Малото и лесно оружје посебно придонесува за континуирана пролиферација на криминални елементи и организиран криминал, кои имаат негативно влијание на социјалниот и економскот развој. Тука е и сличниот негативен ефект на сигурноста и градењето на мерки за доверба во текот на транзиниониот период на повеќето земји во регионот наспроти членството во Евро-атланските институции.
Влијание на МЛО
- Поткопување на владеење на правото
- Поттикнувачи на криминал и нестабилност
- Ги влошуваат тензиите во заедниците и ја зголемуваат стапката на насилство
- Делуваат како пречка на развојот
- Сретствата кои се трошат на безбедност се недостапни за развој
- Ги негираат мерките за доберба и сигурност
- Придонесуваат за прекршување на човековите права и повреди
- Ги обесхрабруваат инвестициите во туризамот
- Ги охрабруваат насилни наместно мирните решенија на проблемите
- Придонесуваат за градење на “култура на оружјето“
- Го зголемуваат ризикот од тероризам
- Ја поткопуваат легалната трговија со оружје
